• петок, 05 декември 2025

Советување за дигитализација на културно наследство на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ

Советување за дигитализација на културно наследство на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) – По повод 20-годишнината од основањето на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ), денеска, ќе се одржи советување на тема „Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“.

Како што стои во соопштението на Институтот, на настанот ќе бидат опфатени теми поврзани со законската регулатива за дигитализација на културното наследство, улогата на Управата за заштита на културното наследство во процесот на дигитализација, презентации на примери од меѓународна пракса, како и презентација на предизвиците и техничките решенија на дигиталниот Архив за етнолошки и антрополошки ресурси на ПМФ при УКИМ во насока на зачувување и промоција на нематеријалното наследство. ра/нд/

Фото: ИЕА

 

Остани поврзан