• понеделник, 23 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи втората седница.

На дневен ред на оваа седница се годишни извештаи за работата на неколку државни институции за 2023 година како што се Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Агенцијата за администрација, Советот на јавните обвинители и Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. фф/бак/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан