Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година
- На свечениот јубилеен настан, како што е најавено, ќе се доделат спортските награди на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година со пропратна забавна програма и дружење.
![Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година](https://mia.mk/images/20241224160846_big_730x400_65.webp )
Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Во просториите на Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Спортисти на годината“ за 2024 година, во организација на Министерството за спорт.
На свечениот јубилеен настан, како што е најавено, ќе се доделат спортските награди на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2024 година со пропратна забавна програма и дружење. цр/ев/
Фото: Министерство за спорт