• четврток, 04 декември 2025

„Сè за одмор“ - тридневен летен базар во Скопје

„Сè за одмор“ - тридневен летен базар во Скопје

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Од денеска до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии.

Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања.

Во текот на овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени производи со внимателно курирана летна тематика – од уникатни модни додатоци, природна козметика за нега по изложеност на сонце, до практични аксесоари за патување. За посетителите ќе бидат изложени и накит со летна и колоритна приказна, рачно плетени шапки и чанти, летни ароматични свеќи, аксесоари за миленици, како и козметички сетови и предмети во „travel-friendly“ пакувања.

Базарот има за цел да ги промовира и да ги истакне вредностите на рачната изработка, оригиналноста и личната приказна зад секој производ. дма/ац/

Фото: Плакат

Остани поврзан