• сабота, 21 декември 2024

Работилница за редизајн на ранец во „Јавна соба“

Работилница за редизајн на ранец во „Јавна соба“

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Во „Јавна соба“ денеска ќе се одржи работилница за редизајн на ранец која се реализира во соработка со „Литература.мк“ и е наменета за млади креативци и талентирани дизајнери. На работилницата ќе има 20 учесници за кои повикот траеше до 10 октомври. 

- Под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева, тие ќе редизајнираат ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на Skopje Design Week „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент. Во рамките на работилницата дополнително ќе се работи и на редизајн на маица, соопштија организаторите. 

Редизајнираните ранци и маици ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на претстојното издание на Skopje Design Week, од 6 до 11 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер. хс/ев/

Фото: Јавна соба 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан