• петок, 21 февруари 2025

Проект МЕРИТ - Мапирање на ризиците при вработување и подобрување на транспарентноста

Проект МЕРИТ - Мапирање на ризиците при вработување и подобрување на транспарентноста

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - ЗИП Институт денеска во „Јавна соба“ ќе го промовира проектот МЕРИТ - Мапирање на ризиците при вработување и подобрување на транспарентноста.

Целта на проектот е да идентификува и да изложи корумпирани практики во процесите на вработување во пет јавни претпријатија во државата. За таа цел, во наредните 12 месеци тимот на ЗИП Институт ќе ги истражува овие процеси од последните седум години и јавно ќе ги објавува наодите.

ЗИП институт е независна, невладина, организација за јавни политики насочена кон производство и ширење на високо квалитетни, објективни и сеопфатни идеи и анализи од централно значење за демократизацијата и ЕУ интеграцијата на Македонија. са/

Фото: принтскрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан