• понеделник, 23 декември 2024

Претставите „Дрво низ времето“ и „Нерон“ вечер во рамки на МОТ

Претставите „Дрво низ времето“ и „Нерон“ вечер во рамки на МОТ

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на овогодинешниот МОТ денеска на сцената „Фросина “ во МКЦ ќе биде одиграна претставата „Дрво низ времето“ во авторство и режија на „Колектив Ветерница“.

„Дрво низ времето“ е заеднички проект на Ветерница и Трисомија 21 Скопје во која ќе ги видиме и членовите на инклузивниот ансамбл, кои работат заедно во последните четири години на создавање оригинални авторски дела, овој пат во продукција на Zavod za raziskovanje in uprizoritvene umetnosti Maribor.

-Преку невербален театарски израз и препознатливата естетика на физичката интерпретација на Колективот Ветерница, инклузивниот ансамбл во соработка со Трисомија 21 Скопје ја раскажува приказна за човекот, кој ја разграбува природата, водејќи се себеси кон самоуништување. Истражувајќи го процесот на премин на фазите „од преживување до изживување“, увидот дека врската со природата е нераскинлива, го откинува и последниот крик за сознание кој тлее длабоко во сите нас од кои зависи нејзината иднина, стои во соопштението од организаторите.

Во претстатавата играат: Маша Блажева, Кристина Петровска, Ана Јовановска, Ена Ковачевска, Ивана Полизовски, Мартин Манчевски, Матеј Петровски, Нана Танеска, Ена Митревска, Филип Ангеловски, Елизабета Петковска, Стефан Трпковски, Оливер Блажевски, Матеј Аларов, Коста Аризанов, Јоана Ристеска, Ивана Нелковска, Милош Стојановиќ, Марија Бејкова, Билјана Димитрова, Билјана Митева, Марио Мицковски

Концепт и режија: Ивана Нелковска, Марија Бејкова, Билјана Димитрова, Билјана Митева. Музиката е на Јоана Ристеска, костимографијата на Ангела Бикова, а сценографијата ја потпишуваат Колектив Ветерница со Тома Димовски и Велимир Жерновски

Во терминот од 20:00 часот, пак, во МКЦ, на сцената 25 Мај, ќе биде изведена претставата „Нерон“ во авторство на Христо Христов и режија на Ѓорѓи Ризески.

Претставата, се посочува, е невообичаено автентична на времето во кое се случува, но со истата универзална порака што ја пренесува низ вековите. Човекот најмногу страда поради отсутвото на љубов, онаа љубов што ја носи во самиот себе.

-Ова е претстава за сите души кои вистински се стремат да го разберат најзначајниот проблем на човештвото и како да го натераат да престане да се повторува. Ова е претстава за „Владетелот“, кој е одраз на народот, но за луѓето што се одраз на владетелот. Претстава за политиката: во минатото, сегашноста и иднината… Поточно, за грешките на политиката, за грешките на владеењето со луѓето, со системите. Претстава за злото, но и за надежта. За разбирањето на злото. За рамнотежата на светот. За иднината, за децата. За тоа што се случи, и ќе се случи, за жал, повторно. За милионите убиени луѓе пред нашето постоење… За чистата смисла на нивното заминување. Голема точка во мало шоу… Спакувано точно, се наведува во соопштението.

Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Нина Деан, композитор е Алмир Бајрамовски, кореограф Нина Деан, а костимографијата е на Кети Пауновска Стевков. вг/лв/

Фото: МОТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан