• сабота, 28 декември 2024

Презентација на документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Северна Македонија“

Презентација на документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Северна Македонија“

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе го презентира документот „Мониторинг на спроведување на стратегијата за развој на пробациска служба во Република Северна Македонија (2021-2025)“- период на следење 2023 година.

Документот е подготвен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во партнерство со Македонското здружение на млади правници, Македонското пенолошко друштво и Здружението ИЗБОР во рамки на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската Унија.

Стратегијата, како што информираат од Хелсиншкиот комитет, претставува сеопфатен стратешки документ кој дава патоказ за реформите што треба да се направат во рамките на пенитенцијарниот систем.

-Во таа насока, целта на анализа беше да процени дали, во колкава мера и на кој начин се одвива имплементацијата на предвидение активности, каков е нивниот квалитет и динамиката на меѓуинституционалната соработка во полето на пробацијата, велат од Хелсиншкиот комитет. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан