• петок, 05 декември 2025

Потпишување договор за јавно-приватно партнерство за воведување на квалификација специјалист мехатроничар за камиони и тешки возила

Потпишување договор за јавно-приватно партнерство за воведување на квалификација специјалист мехатроничар за камиони и тешки возила

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) -  Договор за јавно-приватно партнерство за воведување на квалификација специјалист мехатроничар за камиони и тешки возила, согласно барањата на пазарот на труд, што е прва ваква квалификација во државава, ќе биде потпишан денеска во Скопје.

Договорот ќе биде потпишан меѓу средното стручно училиште „Владо Тасевски“ од Скопје и Volvo Group од Шведска, поддржано од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), Швајцарската меѓународна невладина развојна организација Helvetas и Амбасадата на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

Иницијативата, велат организаторите на настанот, претставува заедничка посветеност за усогласување на стручното образование со потребите на пазарот на труд и создавање на значајни кариерни можности, особено за младите и жените, во растечкиот сектор за транспорт и логистика.

На настанот е најавено присуство на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, генералниот директор на СИДА Јакоб Гранит, како и на Ами Ларсон Јаин, амбасадорка на Кралството Шведска и претставници од Helvetas и Volvo Group. сст/бак/

Фото МИА архива

 

 

Остани поврзан