• недела, 15 ноември 2026

Одбележување на Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри во Тетово

Одбележување на Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри во Тетово

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „За Нас“, ќе ја одбележи Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри со свечена академија во Домот на културата во Тетово, со почеток во 16 часот.

Како што соопштуваат организаторите, половина час претходно, во 15:30 часот, ќе се одржи и прес-конференција, на која изјави за медиумите ќе дадат претставници на Сојузот и организаторите, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу и еминентни имиња од областа на здравството.

Годинашното одбележување се реализира под мотото на Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN):„Нашите медицински сестри. Нашата иднина. Овластените медицински сестри спасуваат животи“.

Свечената академија ќе биде посветена на темата „Силата на единството – Македонските сестри поврзани со светот“, со цел да се истакне значењето на сестринството како клучен столб на здравствениот систем и улогата на медицинските сестри во унапредувањето на здравствената заштита и јавното здравје.ар/бк/
Фото:ЗМСТАС