Муртезани на Амбасадорска конференција во Тирана
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана.
Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе учествува на Амбасадорската конференција #Diplo2025, што се одржува во Тирана.
Како што информираат од Министерството за европски прашања, Муртезани ќе се обрати на панелот насловен „Албанците во регионот - заеднички идентитет, заедничка европска цел“. фф/бак/
Фото: МИА Архива