• вторник, 14 април 2026

Министерот Муцунски во работна посета на Полска

Министерот Муцунски во работна посета на Полска

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Република Полска.

Како што информира МНРиНТ, посетата на Муцунски на Полска е на покана од заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски.

- Ова е прва билатерална посета на министерот Муцунски на Варшава. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, особено економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции, како и реафирмирањето на полската поддршка за македонската интеграција во Европската Унија. Воедно, ќе бидат разменети мислења за клучни регионални, европски, глобални и безбедносни прашања - информира Министерството. 

Во рамките на посетата предвидена е тет-а-тет средба на двајцата министри по што ќе следува пленарна средба на двете делегации, проследена со заедничка прес-конференција. хс/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан