Меџити и Манолева во посета на Клиничката болница во Битола
- Повод за посетата, како што соопштуваат од Министеството за здравство, е донација на медицинска и немедицинска опрема во вредност од 450 илјади долари со поддршка од невладината организација World Medical Relief, како и Обединетата македонска дијаспора.

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева, денеска ќе ја посетат Клиничката болница во Битола.
Повод за посетата, како што соопштуваат од Министеството за здравство, е донација на медицинска и немедицинска опрема во вредност од 450 илјади долари со поддршка од невладината организација World Medical Relief, како и Обединетата македонска дијаспора. дма/са/
Фото:МИА архива