• петок, 05 декември 2025

Локални избори 2025: ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за градоначалници и советници

Локални избори 2025: ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за градоначалници и советници

Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечер ќе одржи конвенцијана која ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и советничките листи.

Партијата на овие локални избори ќе има свои кандидати за градоначалници во најголемата општина во државата – Куманово и во срцето на Скопје – Општина Центар. ЗНАМ поднесе кандидатури со советнички листи од квалитетни и афирмирани поединци во повеќе од 50 општини во целата држава.

- Време е уште еднаш да покажеме дека знаеме како да обезбедиме подобар живот за граѓаните онаму каде што е најважно – во градовите, селата, населбите, маалата. Време е да покажеме дека ЗНАМ е политичка партија што работи со план, одговорно, посветено и чесно, посочуваат од партијата. ев/бк/

ФОТО: ЗНАМ

Остани поврзан