• петок, 13 декември 2024

Конференција „Придобивки од воведување на практична настава во високото образование и улогата на бизнис заедницата во процесот“

Конференција „Придобивки од воведување на практична настава во високото образование и улогата на бизнис заедницата во процесот“

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија денеска ја организира конференцијата „Придобивки од воведување на практична настава во високото образование и улогата на бизнис заедницата во процесот“.

Како што информираат од Стопанската комора, на настанот на кој ќе присуствуваат претставници на компании и декани со дел од наставниот кадар на повеќе факултети при УКИМ, ќе се дискутира за потребата од иницирање на практична настава во високото образование во нашата држава, со вклучување на компаниите за подобрување и обезбедување на квалитетот во текот на наставниот процес.

На конференцијата е најавено да се обратат Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија, Н.Е. Вероник Хулман, амбасадор, Амбасада на Швајцарија и Биљана Ангелова, ректор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

-Учеството на амабасадорката на Швајцарија во РСМ, е значајно затоа што ја претставува земјата која дава директна и отворена поддршка на реформите во образовниот систем во целост, вклучително и на реализацијата на дуалниот модел на образование во нашата земја, се посочува во најавата од Стопанската комора.фф/са/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан