Конференција „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“
- На Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“.
Скопје, 18 декември 2025 (МИА) - На Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“.
На конференција ќе се обратат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, раководителот на Катедрата по трудово и социјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје проф. д–р Лазар Јовевски, претседателката на Организација на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска, претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралпоски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и Миле Бошков – извршен претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија. мд/бак/
Фото: МИА архива