• среда, 18 декември 2024

„Еден милион садници за пет години“ - акција на Халкбанк АД Скопје и ЈП Национални шуми

„Еден милион садници за пет години“ - акција на Халкбанк АД Скопје и ЈП Национални шуми

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Халкбанк АД Скопје преку ЈП Национални шуми  ќе спонзорира засадување еден милион садници во следните пет години низ територијата на целата држава.

Новата еко-акција на Халкбанк АД Скопје е насловена „Еден милион садници за пет години“ и е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата ќе биде официјално најавена денеска на прес-конференција на која се најавени обраќања на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши, и  директорот на ЈП Национални шуми, Златко Трајановски. хс/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан