Времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“
- Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Скопје, 26 март 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
- Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието. мд/лв/
Фото: МИА архива