• среда, 19 февруари 2025

„Вкус што обединува“ - саем на македонска традиционална храна

„Вкус што обединува“ - саем на македонска традиционална храна

Скопје, 15 февруари 2025 (МИА) - Националната федерација на фармери денеска од 10 до 19 часот на првиот кат во ТЦ Скопје сити мол организира саем на македонска традиционална храна „Вкус што обединува“. Настанот е посветен на автентичните домашни вкусови и е поддршка на локалните производители. 

-Љубителите на македонската кујна ќе имаат можност да уживаат во најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје, вино и ракија. Ова е шанса да ги откриете богатите ароми и традиционалните рецепти што ги носат корените на нашите рурални заедници. Саемот не е само изложба, туку и порака за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, како и вистинска можност да дознаете повеќе за значењето на локалната храна, соопшти организаторот. 

Саемот организиран од Националната федерација на фармери и Скопје сити мол  е дел од манифестацијата „City Bazar“. Поддржан е од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“. хс/ев/

Фото: Национална федерација на фармери

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан