• петок, 05 декември 2025

Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија

Висока делегација на Вооружените сили на Романија во официјална посета на македонската Армија

Скопје, 1 септември 2025 (МИА) – Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот генерал Ѓеоргита Влад, денеска е во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Министерството за одбрана, романскиот началник на Генералштабот и неговата делегација ќе бидат пречекани со високи воени почести, по што предвидена е средба на двајцата началници.

Од Министерството додаваат дека главни теми на средбата ќе бидат процесот на трансформација на Армијата, учеството на Армијата во меѓународните мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии.

За време на посетата генералот Влад ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан