• сабота, 17 август 2024

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - По повод Денот на Армијата - 18 Август, вечер, во 19:00 часот, во скопската касарна „Илинден“ ќе се изврши
почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Како што информира Министерството за одбрана, претходно, во попладневните часови или по 18:00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија. мд/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан