• четврток, 04 декември 2025

Панел дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ по повод една година Влада

Панел дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ по повод една година Влада

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) -  Панел дискусија „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ ќе се одржи денеска во Скопје по повод една година Влада.

На панел дискусијата во владината свечена сала ќе учествуваат  првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, какоо и министрте за локална самоуправа Златко Перински, и за образование и наука Весна Јаневска.

Модератори на панел дискусијата ќе бидат портпаролите на Влада, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.лв/са/

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан