Начевски и Николов ќе делат правда на ракометниот Супер куп на Македонија
- Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се арбитрите за вечерашниот ракометен Супер куп на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Скопје, 11 август 2021 (МИА) - Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се арбитрите за вечерашниот ракометен Супер куп на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.
Арбитрите кои го судеа натпреварот помеѓу Франција и Данска во финалето на овогодинешните Олимписки игри во Токио, се пред нов предизвик кој што е и првиот официјален натпревар во новата сезона. Натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот. ар/сп/