• понеделник, 23 декември 2024

Национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје по повод Светскиот ден на срцето

Национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје по повод Светскиот ден на срцето

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) -   Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат  Светскиот ден на срцето со активност за  потпишување на национална петиција  за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професоналната заедница и јавноста. 

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања.  

-Споделувајќи ја важноста на здравите навики се стремиме да ја зголемиме свеста за потребата  од превенција на кардиоваскуларните заболувања во нашата заедница и потребата од поголемо учество на пациентите и јавноста  во изготвување на национален  план за подобро кардиоваскуларното здравје, порачуваат од ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија. лв/нд/

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан