Националната арена подготвена за финалето на Купот на Македонија
- Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за финалето во Купот на Македонија.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за финалето во Купот на Македонија.

-Преку максимален ангажман и професионален пристап на АДИССДП, тревната површина е уредена според највисоките европски и светски стандарди за одигрување натпревари. Обезбедивме врвни услови за игра,исполнување на сите технички и логистички критериуми, а сите сегменти од инфраструктурата се проверени и функционални. Нашите спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, а навивачите идеална фудбалска атмосфера, соопштија од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Вечер од 20 часот за трофејот во најмасовното домашно фудбалско натпреварување ќе играат Вардар и Струга Трим Лум. зс/