• недела, 22 декември 2024

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со акциски план за заеднички активности со Националните агенции од Јужна Европа

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со акциски план за заеднички активности со Националните агенции од Јужна Европа
Охрид, 7 ноември 2022 (МИА) - Градење и зајакнување на капацитетите на Националните агенции во полето на млади од Јужна Европа, како и активна соработка преку реализација на заеднички настани и промовирање на искуства и добри практики беше целта на годинашниот состанок на младинската јужна мрежа на Национални агенции што се одржа во Охрид. На состанокот, како што соопшти Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, се работело на зајакнување на соработката и заедничките активности на националните агенции што придонесува за исполнување на специфичните потреби на младите во државите од Јужна Европа. - Заедно со колегите од другите национални агенции изработивме акциски план кој се однесува на широк опсег на активности во следните две години, кои ќе придонесат до промовирање на приоритетите на програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус во интерес на младите од Јужна Европа, истакнал директорот на НА, Марко Ѓоргиевски. Преку реализација на активностите на националните агенции се очекува зголемена поддршка на крајните корисници на програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, како и поголема вклученост на младите на интернационално ниво. Во младинската јужна мрежа на национални агенции, членуваат програмските земји од Јужна Европа во програмата Еразмус+ и Европски солидарен корпус: Турција, Италија, Франција, Малта, Хрватска, Португалија, Шпанија, Кипар, Словенија, Грција и Бугарија.сс/дма/ 

Остани поврзан