• петок, 22 ноември 2024

Национален ден на пицата: Забавено темпото на поскапување на пиците во ЕУ 

Национален ден на пицата: Забавено темпото на поскапување на пиците во ЕУ 

Брисел, 9 февруари 2024 (МИА) - Во декември 2023 година цените на пиците во ЕУ биле за 5,9 отсто повисоки отколку во истиот месец претходната година, кога овој традиционален италијански специјалитет бил за 15,9 проценти бил поскап во споредба со последниот месец во 2021 година, соопшти денеска Европската статистичка агенција - Евростат по повод Националниот ден на пицата – 9 февруари. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, пиците лани во декември најмногу поскапеле во Унгарија и тоа за 13,4 отсто, по што следат Луксембург каде цените на овој специјалитет се зголемиле за 11,3 и Летонија за 10,6 проценти. 

Единствената држава во Унијата каде пиците поевтиниле на годишно ниво и тоа за 0,9 отсто е Холандија. 

Пред Холандија, на самото дно на листата се Данска каде пиците поскапеле за само 0,6 проценти и Белгија за 1 отсто. сп/

Фото: Евростат

Тагови

Остани поврзан