• петок, 22 ноември 2024

Научно-културен собир „Македонско-хрватски допири“

Научно-културен собир „Македонско-хрватски допири“
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - На Медицинскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи научно-културен собир „Македонско-хрватски допири“, посветен на македонско-хрватската соработка на планот на медицината и културата. Воедно, ќе се одбележи 100 години од раѓањето д-р Никола Георгиевски, еден од втемелувачите на Медицинскиот факултет во Скопје, во светло на одбележувањето на 75-годишнината од формирањето на Медицинскиот факултет и десет години од функционирањето на невладината организација Хрватско-македонска тангента, со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од Сашо Георгиевски и Љупчо Арсовски. Книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски, претседател на Хрватско-македонската тангента и Љупчо Арсовски, амбасадор, опфаќа периодот од 10 години на активност на оваа невладинаа организација, со седиште во Хрватска, а која има меѓународно делување. Низ книгата се нуди запознавање на јавноста со праксата и теоријата на една невладина организација , со реалните дострели и граници. Делувањето на Тангентата низ упорното и континуирано хранење на македонската култура и традиција во допир со хрватската култура, создава дошполнителна вредност на македонско-хрватското пријателство збогатено со црвсти и трајни врски. Промотор на книгата е Томислав Османли, а водител на промоцијата Јасмина Миронски. цр/лв/

Остани поврзан