• петок, 05 декември 2025

Натпреварите од првото премиерлигашко коло ќе започнат со минута молчење во спомен на Жота

Натпреварите од првото премиерлигашко коло ќе започнат со минута молчење во спомен на Жота

Лондон, 13 август 2025 (МИА) - Натпреварите од првото коло на сезоната 2025/26 во Премиер лигата ќе започнат со минута молчење поради  смртта на напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота.

„Би-би-си“ јави дека сите играчи ќе излезат на теренот носејќи црни ленти на ракавите. 

Натпреварите од првото коло на Премиер лигата ќе се одржат од 15 до 18 август.

На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Според прелиминарниот заклучок за причините за несреќата, автомобилот што го управувал Жота ја надминал дозволената брзина. За време на престигнување, гумата на автомобилот пукнала, по што фудбалерот ја изгубил контролата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан