• вторник, 04 март 2025

НАТО спроведува вежба за нуклеарно одвраќање во северозападна Европа

НАТО спроведува вежба за нуклеарно одвраќање во северозападна Европа
Брисел, 26 октомври 2022 (МИА) - Десетици авиони од земји членки на НАТО учествуваат во годишната вежба за нуклеарно одвраќање „Steadfast Noon“ во северозападна Европа. На НАТО вежбата  се вклучени 14 земји и повеќе од 60 авиони од различни типови“, соопшти Воздухопловната команда на НАТО, пренесе Анадолија. Вежбата, што ќе трае до 30 октомври, почна на 17 октомври и во неа учествуваат и танкери и борбени авиони од четвртата и петтата генерација. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на 13 октомври изјави дека долго планираната рутинска вежба обезбедува нуклеарните капацитети на Алијансата да останат безбедни, сигурни и ефикасни. - Одвраќањето е начин да се спречи каков било напад на сојузниците на НАТО и да се зачува мирот, додаде Столтенберг. бд/сд/

Остани поврзан