• петок, 05 декември 2025

НАТО одговори на ново прелетување на руски борбени авиони над Балтичкото Море

НАТО одговори на ново прелетување на руски борбени авиони над Балтичкото Море

Рига, 26 септември 2025 (МИА) – Пресретнувачи на НАТО оваа недела беа повторно подигнати откако руски борбени авиони прелетале над Балтичкото Море, соопшти Алијансата.

Унгарски борбени авиони биле распоредени за да ги идентификуваат и придружуваат пет воени летала близу воздушниот простор на НАТО покрај брегот на Летонија, пренесе ДПА.

Откриената формација вклучувала три авиони МиГ-31, еден Сухој Су-30 и еден Сухој Су-35, кои „не се придржувале кон меѓународните правила за безбедност во летот“, се наведува во објава на Фејсбук на Сојузничката воздушна команда на НАТО.

Летонскиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, рече дека пресретнувањето го нагласува зајакнатиот и проактивен став на НАТО. Последните прекршувања на воздушниот простор од Русија предизвикаа загриженост кај сојузниците. јт/

Фото: НАТО

Остани поврзан