• понеделник, 23 декември 2024

Наследникот на Абе ќе биде избран во септември

Наследникот на Абе ќе биде избран во септември
Токио, 29 август 2020 (МИА) - Јапонската владејачка Либерално-демократска партија ќе го избере наследникот на премиерот Шинѕо Абе за претседател на партијата во средината на следниот месец, а веројатно главен кандидат ќе биде неговиот долгогодишен близок соработник Јошихиде Суга. Шеесет и петгодишниот Абе реши да си даде оставка од здравствени причини, а кандидатот што ќе го наследи за претседател на партијата најверојатно ќе биде избран за премиер, благодарение на мнозинството што во Долниот дом на Парламентот го има владејачката партија. За разлика од некои други кандидати, 71-годишниот Суга изјави дека не ја сака премиерската позиција, но последните денови, со медиумската кампања, беше ставен во преден план како фаворит. Потенцијални кандидати се поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба (63) и поранешниот министер за надворешни работи Фумио Кишида (63), кој долго време се сметаше за личен фаворит на Абе, потоа сегашниот министер за одбрана Таро Коно (56) и министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги (64), како и популарниот министер за екологија Шинџиро Коизуми (39), кој, сепак, многумина го сметаат за премногу млад за функцијата премиер. паг/    

Остани поврзан