НАСА одреди нов датум за обид за лет околу Месечината - 14 ноември
- Временската рамка за лансирање ќе трае 69 минути, а доколку НАСА мора повторно да се откаже, ќе има и две „резервни“ рамки - на 16. и на 19 ноември.
Хјустон, 13 октомври 2022 (МИА) - Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА одреди нов датум за обид за лансирање на мисијата „Артемис 1“. Тоа е 14 ноември.
НАСА, се предвидува, ќе се обиде да ја лансира својата ракета „СЛС“ и вселенското летало „Орион“ на патување без екипаж околу Месечината. Временската рамка за лансирање ќе трае 69 минути, а доколку НАСА мора повторно да се откаже, ќе има и два „резервни“ датма - 16 и 19 ноември. Поради проблеми со моторот, првиот обид за лансирање на 29 август, не успеа, а потоа неколку дена подоцна лансирањето беше оневозможено поради истекување гориво. НАСА ги врати „СЛС“ и „Орион“ во нивниот објект поради опасност од ураганот Ијан. Ако се оди според планот, ракетата ќе биде на лансирната рампа веќе на 4 ноември. Мисијата „Артемис 1“ е дел од програмата „Артемис“ чија крајна цел е праќање на луѓе на Месечината. За време на првата мисија „СЛС“ и „Орион“ ќе направат заобиколување околу нашиот природен сателит, втората ќе биде изведена со екипаж, а третата предвидува екипаж и слетување со луѓе на површината на Месечината. си/сд/