• петок, 22 ноември 2024

НАСА објави фотографии од Јупитер снимени од телескопот Џејмс Веб

НАСА објави фотографии од Јупитер снимени од телескопот Џејмс Веб
Вашингтон, 13 јули 2022 (МИА) - Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) првпат објави сет фотографии во боја од својот вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Меѓу објавените фотографии и документи има и две целосно нови фотографии од Јупитер. На фотографиите се гледаат прстените на Јупитер, како и неговите три месечини - Европа, Теба и Метис. НАСА избра девет цели за тестирањето на способностите на телескопот да следи објекти што се движат брзо. Јупитер беше најбавна цел, но сите тестови беа успешни. Овие фотографии исто така ја покажуваат неговата способност да долови детали, како што се прстени и месечини околу светли планети. бд/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан