• понеделник, 23 декември 2024

НАСА објави нови слики на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

НАСА објави нови слики на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“
Хјустон, 10 мај 2022 (МИА) - Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА објави нови фотографии од вселената направени од новиот вселенски телескоп „Џејмс Веб“. Сликите го прикажуваат Големиот Магеланов Облак снимен со инструментот „МИРИ“, кој е оспособен за средно-инфрацрвено сликање. Големиот Магеланов Облак е споредна галаксија на нашиот Млечен Пат, која содржи густи ѕвездени полиња и ќе се користи за тестирање на новите можности и способности на „Веб“. Основното огледало на телескопот и подобрените детектори ќе им дадат на научниците многу појасен поглед на „инфрацрвеното небо“ во иднина, а тоа би можело да значи нови откритија во астрономијата на длабоката Вселена. Кога новиот телескоп официјално ќе ги почне своите научни мисии, инструментот „МИРИ“ треба им помогне на научниците да се осознае како настанале младите ѕвезди и ранопланетарните системи. Дотогаш ќе се следи тестирањето на уредот и неговата напредна опрема, а првите експерименти ќе почнат летово.  си/сд/

Остани поврзан