• понеделник, 23 декември 2024

Наришкин: Украина за САД ќе стане втор Виетнам

Наришкин: Украина за САД ќе стане втор Виетнам

Москва, 7 декември 2023 (МИА) - Директор на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денеска им порача на САД дека поддршката на Западот за Украина оваа земја ќе ја претвори во „втор Виетнам“.

„Украина ќе се претвори во црна дупка која ќе апсорбира сè повеќе ресурси и луѓе“, напиша Наришкин во напис во списанието „Intelligence Operative“, пренесуваат британските медиуми.

Тој изјави дека САД на крајот ризикуваат да создадат „втор Виетнам“ и дека секоја нова американска администрација ќе мора да се обиде да се справи со тоа.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека директна конфронтација меѓу НАТО и Русија може да предизвика Трета светска војна и постојано ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина.

Британските медиуми наведуваат дека Западот и даде на Украина повеќе од 246 милијарди долари помош и оружје, но украинската контраофанзива пропадна и Русија сè уште контролира нешто помалку од една петтина од територијата на оваа земја.

Бајден вчера побара од републиканците да ја одобрат новата воена помош за Украина.

-Доколку Путин ја преземе Украина, нема да застане таму, рече Бајден, предвидувајќи дека Путин ќе продолжи и ќе нападне и членка на НАТО. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан