• четврток, 04 декември 2025

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Виена, 12 јуни 2025 (МИА) -  Напаѓачот кој во вторникот уби 10 лица, вклучувајќи девет тинејџери на возраст од 14 до 17 години и еден наставник, пред да изврши самоубиство во училиште во Австрија, во 2021 година бил прогласен за ментално неспособен за воена служба. Ова го потврди портпаролот на австриските вооружени сили, Мајкл Бауер, во објава на платформата Икс, додавајќи дека вооружените сили не се овластени да ги споделуваат податоците од медицинските прегледи со трети страни.

Напаѓачот, 21-годишен маж, отворил оган во своето поранешно училиште со пиштол и сачмарка.

Според полицијата, тој поседувал дозвола за оружје од почетокот на годинава, која ја добил по успешно поминат психолошки тест. Инцидентот предизвика шок во земјата, а истрагата сè уште е во тек. ссм/

фото: архива

Остани поврзан