• петок, 22 ноември 2024

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Увозните цени во одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) лани во ноември биле пониски за 1,0 отсто на месечно ниво, а повисоки за 91,6 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2021 година, увозните цени на моторниот бензин биле пониски за 1,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 82,7 отсто на годишно ниво. Кај дизелот, пак, исто така биле за 1,2 отсто пониски на месечно ниво, но за 71,5 отсто повисоки на годишно ниво. Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или следење на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Градежните претпријатија се повикуваат на движењето на овие трошоци во пресметките при склучувањето на градежните договори.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан