Налог за апсење на поранешниот претседател на Јужна Африка
- Јужноафриканскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Џејкоб Зума откако поради наводни здравствени проблеми избегнал судење за корупција, кое треба да продолжи на 6 мај.

Јоханесбург, 4 февруари 2020 (МИА) - Јужноафриканскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот претседател Џејкоб Зума откако поради наводни здравствени проблеми избегнал судење за корупција, кое треба да продолжи на 6 мај.
Адвокатот на Зума поднел известување за болеста за кое рекол дека е од Воената болница.
Меѓутоа, судијата изразил сомнеж дека тоа не е валидно. паг/