• петок, 22 ноември 2024

Над 140 пациенти со ботулизам се уште се лекуваат во руските болници

Над 140 пациенти со ботулизам се уште се лекуваат во руските болници

Москва, 26 јуни 2024 (МИА) - Во руските болници се уште се лекуваат 148 пациенти со ботулизам по труење со храна, од кои 44 се на репиратори, изјави денеска помошникот на рускиот министер за здравство Алексеј Кузњецов.

Кузњецов изјави дека 232 лица, меѓу кои и три деца, се пуштени од болниците откако им се подобриле здравственaта состојба. Пациентите со симптоми на ботулизам почнаа да се примаат во болниците во голем број руски региони во средината на јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан