• петок, 17 мај 2024

Над 13 часа 743 патници заглавени на траектот во близина на атинското пристаниште Рафина

Над 13 часа 743 патници заглавени на траектот во близина на атинското пристаниште Рафина

Атина, 9 септември 2023 (МИА) –  Околу полноќ, според првичните процени, се очекува траектот со 734 патници со помош на реморкери да биде извлече до пристаништето во Рафина, откако веќе над 13 часа е заглавен во морскиот дел поради дефектот на моторот што настана откако утрово се сплеткаа сидрата на три брода, јави дописничката на МИА од Атина. 

Траектот е на мала оддалеченост од копното, меѓутоа според портпаролот на крајбрежната служба на Грција Никос Алексиу, поради силниот ветер не е изводливо патниците да се префрлат на друг брод или на друг начин да се пренесат на копно.

Алексиу говорејќи за грчката телевизија Скај кусо по 20 часот вечерва рече дека е во тек операцијата со три реморкери за извлекување на траектот, а процените се дека ќе бидат потребни уште околу три часа за да се заврши акцијата.  

Рано утрово околу осум часот, поради силниот ветер се заплеткаа сидрата на три траекти при отпловувањето кон грчките острови.

Откако биле отплеткани сидрата, еден од траектите без проблеми го продолжи патувањето кон Андрос, Тинос и Миконос, а останатите два претрпеа дефекти и останаа во морскиот дел.

Едниот траект со 391 патник останал без едно од двете сидра и со намалена брзина стигна до пристаништето во Лаврио, додека пак вториот со 734 патници и дефект на моторот сè уште е во морскиот дел во близина на пристаништето во Рафина. ср/ми/

Остани поврзан