• петок, 15 ноември 2024

Над 100 милиони луѓе во САД примиле барем една доза вакцина против коронавирус

Над 100 милиони луѓе во САД примиле барем една доза вакцина против коронавирус
Вашингтон, 2 април 2021 (МИА) - САД денеска постигнаа важна пресвртница во нивниот обид за вакцинација на населението против коронавирус, бидејќи бројот на лица кои примија барем една доза надмина 100 милиони. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) наведуваат дека бројот на лица кои примиле доза сега изнесува 101,8 милиони, или околу третина од населението во САД кое брои  330 милиони луѓе. Околу 58 милиони луѓе се целосно вакцинирани. Досега се дадени вкупно речиси 158 милиони дози. Во особено ранливата возрасна група над 65 години, три четвртини од лицата веќе примиле вакцина, а околу 54 проценти се целосно вакцинирани, покажуваат податоците на ЦДЦ.

Остани поврзан