Над три американски воени бази во Англија забележано присуство на многу неидентификувани дронови
- „Помалите дронови беа забележани во близина и над РАФ Лејкенхит, РАФ Милденхол и РАФ Фелтвел од 20 до 26 ноември“, изјави портпаролот за британските меидуми.

Лондон, 26 ноември 2024 (МИА) - Голем број неидентификувани дронови се забележани во изминатите шест дена над три бази на американското воено воздухопловство (УСАФ) во Англија, потврди портпаролот на УСАФ.
„Помалите дронови беа забележани во близина и над РАФ Лејкенхит, РАФ Милденхол и РАФ Фелтвел од 20 до 26 ноември“, изјави портпаролот за британските меидуми.
Трите бази, две во Сафолк и една во Норфолк, се изнајмени од британската армија за потребите на американските воздухопловни сили.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана рече дека тие „сериозно ги сфаќаат заканите и ги одржуваат безбедносните мерки на воените локации“.сд/
фото:ЕПА