• понеделник, 23 декември 2024

Надзорен орган на британскиот Парламент го испитува Џонсон за патувања во странство

Надзорен орган на британскиот Парламент го испитува Џонсон за патувања во странство
Лондон, 10 мај 2021 (МИА) - Независно надзорно тело на британскиот Парламент го испитува  премиерот Борис Џонсон за патувања во странство и начинот на кој тој им го претставил тоа на парламентарните власти. Парламентарниот комесар за стандарди рече дека се испитува дали Џонсон го прекршил кодексот на однесување кон членовите на Парламентот. Тоа ја интензивираше истрагата за финансиите на Џонсон, бидејќи властите веќе разгледуваат како е финансирано реновирањето на станот. Тој рече дека парите за реновирање ги обезбедил Дејвид Рос, коосновач на трговскиот ланец Карфон Верхаус. Џонсон во Парламентот во февруари 2020 година изјави дека отпатувал на Карибите на одмор со неговата партнерка Кери Симондс, од 26 декември 2019 година до 5 јануари 2020 година. Опозициските лабуристи бараат да го објасни овој аранжман. Доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата, Џонсон би можел да биде принуден да се извини или привремено да биде суспендиран, па дури и протеран од Парламентот. Случаите на протерување од британскиот Парламент се исклучително ретки. паг/

Остани поврзан