• понеделник, 23 декември 2024

Награден конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“

Награден конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“
Скопје, 2 август 2021 (МИА) - Гимназијата Алгоритам, заедно со Europe House, објави награден конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“ за сите ученици од основните и средните училишта во Република Северна Македонија. А, е поддржан од Делегација на Европска Унија. Учениците ќе имаат можност да се изразат во три области: филм, литература и компјутерска графика, а нивните креативни дела треба да бидат одраз на европските вредности: инклузија, толеранција, еднаквост, правда, солидарност и недискриминација. Целта на оваа иницијатива е поттикнување на основците и средношколците на мисловен и креативен процес на кој тие ќе можат да ги искажат своите секојдневни интереси, гледишта и тоа што ги движи и мотивира. Доделувањето на наградите ќе се спроведе во сите три категории, според возраста. Најдобрите дела од сите три категории ќе бидат наградени со вредни награди – лаптопи и таблети, а селекцијата ќе ја врши стручно жири. Ќе биде доделена и специјална награда од публиката преку гласање на социјалните мрежи. Крајниот рок за доставување на делата е 25.4.2021 година на мејл адресата: konkurs@algoritam.mk. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан