• среда, 15 мај 2024

Навивачите на Ајакс испија рекордно количество пиво на збогувањето со Тен Хаг

Навивачите на Ајакс испија рекордно количество пиво на збогувањето со Тен Хаг
Амстердам, 14 мај 2022 (МИА) – Рекордно количество пиво испија навивачите на Ајакс на вчерашниот натпревар со кој ја прославија 36. клупска титула и се збогуваа со тренерот Ерик тен Хаг, кој од следната сезона ќе седи на клупата на Манчестер јунајтед. Ајакс во средата го совлада Херенвен со 5-0 пред 55.000 на „Јохан Крој Арена“. Според податоците на Ajaxlife.nl домашните навивачи го урнале рекордот од 19 октомври и триумфот на нивниот тим над Борусија Дортмунд (4-0), испивајќи на натпреварот против Херенвен вкупно 70 илјади литри пиво. ег/паг/

Остани поврзан