• среда, 06 ноември 2024

МФ за МИА: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки

МФ за МИА: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или со исходи од нив, посочија од Министерството за финансии во одговор за МИА во однос на медиумските информации за истраги поврзани со злоупотреби во земјава. 

Од Министерството посочуваат дека земјава е посветена да ги почитува прописите и правилата на помошта од ЕУ, која е основа за успешна соработка и имплементација на европската помош и во овој процес од 2009 година има индиректно и децентрализирано управување со претпристапните фондови на Унијата. 

И покрај препораката за кандидатски статус во ЕУ Украина и Молдавија нема да влезат во претпристапните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел

- Во таа смисла истакнуваме дека Република Северна Македонија, исто така, работи на откривање на евентуални нерегуларности, по кои во понатамошна постапка постапуваат надлежни органи. Согласно воспоставениот систем за управување со нерегуларности, во случај на детектирање на одредена нерегуларност од страна на ИПА структурите или дојава, односно сигнал за потенцијална нерегуларност добиена од надворешни извори или од службите на Европската Комисија, ИПА структурите во Министерството за финансии прават првична анализа на случајот и понатаму случајот се проследува до надлежните институции за преземање на понатамошни дејствија: Управата за финансиска полиција, АФКОС, ОЈО/ОЈО ГОКК и Државното правобранителство, се додава во одговорот.

МФ наведува дека во периодот од 2015 до 2022 година се утврдени нерегуларности во 17 случаи за кои се преземени конкретни постапки.

- Согласно меѓународните договори и воспоставениот систем за управување со нерегуларности, ИПА структурите во Министерство за финансии на редовна квартална основа известува за статусот на секој случај и до Европската комисија, поточно ОЛАФ – Европска службата за борба против измама, преку електронскиот систем за известување на нерегуларности, се потенцира во одговорот.

Европската канцеларија Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против Европската агенција за погранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) поради обвинувањата за вознем

МФ потсетува и дека 21 минатиот месец беа потпишани меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси, како резултат на добрата пракса во земјите членки на ЕУ, во делот на ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Унијата, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

- Исто така, секој граѓанин може да пријави сомнеж за нерегуларност на следните адреси - https://cfcd.finance.gov.mk/?page_id=4971&lang=en, nepravilnosti_EU@finance.gov.mk на официјалната веб страна на Министерството за финансии во делот „пријавување неправилности“ и на OLAF-FMB-SPE@ec.europa.eu, се додова во одговорот на Министерството за МИА.

„Еуроњус Албанија“ минтата недела објави дека ОЛАФ во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. Според истиот извор, ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. 

Во Извештајот на ОЛАФ за истражните перформанси и трендовите на измама во 2022 година, се наведува дека за Северна Македонија биле отворени четири истраги, од кои три се затворени со соодветни препораки. сп/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан