• недела, 15 ноември 2026

Мурињо за репрезентацијата на Португалија: Тие имаат неверојатна генерација, можат да го освојат СП 2026

Мурињо за репрезентацијата на Португалија: Тие имаат неверојатна генерација, можат да го освојат СП 2026

Лисабон, 9 мај 2026 (МИА) - Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за тоа колку далеку може да стигне репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026.

-Португалија може да направи сè. Тие имаат неверојатна генерација. Минатата година ја освоија Лигата на нации. Во 2016 година го освоија Европското првенство. Оваа генерација е технички супериорна во однос на онаа. Секако, тука е Бразил на Карло Анчелоти, тука е Аргентина, но Португалија може да го освои ова Светско првенство, изјави Мурињо за „Ла Газета дело Спорт“.

Светското фудбалско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во три земји: САД, Канада и Мексико. За прв пат ќе учествуваат 48 национални селекции. 

Португалија ќе се соочи со Конго, Узбекистан и Колумбија во групната фаза. зс/

Фото: ЕПА