• сабота, 23 ноември 2024

Музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“

Музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“

Скопје, 23 декември 2023 (МИА) - На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ - Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“.

Здружението „Трисомија 21“ соопшти дека во претставата, реализирана во соработка со „Колектив Ветерница“, биле изведени македонски народни и забавни мелодии.

-Со музичкиот  аранжман се експериментираше и беше успешно прилагоден на можностите на овие лица. Со ова сакаме да покажеме дека уметноста може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром и дека и тие можат да застанат на „штиците кои живот значат“  и имаат што да покажат, соопшти „Трисомија 21“. хс/лв/

Фото: Здружение „Трисомија 21“

Остани поврзан