МТКФ на семинар во Грција
- На традиционалниот 50. семинарот во Неа Флогита, Грција, од денес до 19 јуни предавања ќе одржат и македонските карате мајстори: Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан и Аљоша Недев 6 дан.

Неа Флогита, 13 јуни 2021 (МИА) – На традиционалниот 50. семинарот во Неа Флогита, Грција, од денес до 19 јуни предавања ќе одржат и македонските карате мајстори: Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан и Аљоша Недев 6 дан.
На семинарот учествуваат над 60 каратисти од македонски, српски и грчки клубови.
Семинарот е еден вид подготовки за македонските каратисти кој од 12 до 15 ноември 2021 ќе настапат на ЕТКФ европскиот шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца во Белград, Србија.
На крај од семинарот е предвидено да се одржи меѓународен натпревар и полагање за ученички и мајсторски појаси. зс/